На Бодо/Глимт му лежат римските клубови, триумф над Лацио, Челси сигурен против Легија

by riste
1 минути читање

Бодо/Глимт кој во минатото ја декласираше Рома, денеска го совлада Лацио со 2-0 во првиот четвртфинален меч од Лига Европа, за разлика од римјаните, Челси ја оправда фаворитската улога и на гостувањето кај Легија славеше со убедливи 3-0 во Конференциската лига.

Херој на Бодо/Глимт беше Салтенс кој ги даде двата гола во второто полувреме. Норвешкиот тим со солидна предност ќе отпатува во Рим.

Челси е главен фаворит за трофејот во Конференциската лига и тоа го покажа денеска во Полска каде ја декласираше Легија со 3-0.

И на овој меч немаше голови во првото полувреме, а во вториот дел Мадуеке даде два гола, а еднаш погоди Џорџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани