94
Баерн Минхен им
се придружи на Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах во полуфиналето од Купот на
Германија.
Вечерва
избраниците на Карло Анчелоти за 30 минути го решија Шалке и стигнаа до рутинска
победа од 3-0.
Левандовски го
отвори резултатот веќе во 3. минута, а Алкантара зголеми на 2-0 во 16. минута.
Полјакот одново
биеше прецизно во 29. минута за победа од 3-0.
Последниот патник
во полуфиналето ќе го даде дуелот Лоте-Борусија Дортмунд, кој вчера беше
одложен.