Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо јавно побара од раководството да донесе уште едно засилување, Португалецот побара фудбалер кој може да игра на неколку позиции во средниот ред.
„Кралевите“ ова лето потрошија преку 200 милиони евра на засилувања и на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа Јан Диоманде, Марк Кукуреља, Карлос Еспи, Дензел Дамфрис, Ибрахима Конате и Бернардо Силва.
Се очекуваше шлагот на тортата да биде Родри, но шпанскиот репрезентативец во последен миг се предомисли и реши да ја одбере Барселона.
За навивачите на Реал ова е двоен удар, не само што најголемиот ривал им го украде посакуваното засилување, клубот остана и без играч кој би можел сериозно да го засили средниот ред.
Очигледно слично мислење има и Жозе Мурињо, кој по вчерашниот натпревар против Ференцварош испрати јасна порака до Флорентино Перез.
„Сакаме помал состав, со 20 играчи плус повредените, како Родриго, Милитао или Ферлан (Менди). Но, ни треба и нов фудбалер кој може да го прави она што го прави Бернардо Силва, односно да покрива неколку позиции во средниот ред“ – изјави „специјалниот“.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.