Мурињо за неколку денови добива засилување од 50 милиони евра?!

by
1 минути читање

Жозе Мурињо не е
задоволен од левите бекови кои ги има на располагање, Ешли Јанг оваа сезона
принудно играше на оваа позиција, па затоа еден од приоритетите на „Специјалниот““ ова лето е
ангажман на нов лев бек

Дени Роуз од
Тотенхем се споменуваше како опција, но последните информации велат дека
изборот паднал на Алекс Сандро од Јувентус.

Според пишувањата
на Ла Стампа, весник кој е во сопственост на семејството Ањели кое исто така го
поседува и Јувентус, пренесе дека во следните неколку дена официјално ќе биде
потврден трансферот на Бразилецот на Олд Трафорд. Вестите сепак
нема да стигнат пред финалето помеѓу „Ѓаволите“ и Челси во ФА Купот.

Алекс Сандро ќе
се пресели во Манчестер јунајтед за 50 милиони евра, а оваа зделка ќе овозможи
Матео Дармијан да замине во спротивен правец и да ги засили „Бјанконерите“, но
Италијанецот ќе се води како засебен трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани