Велшанецот и ова лето се најавува како големо засилување за „Црвените ѓаволи“. Извештаите велат дека извршниот потпретседател, Ед Вудворд очајно посакува да го донесе Гере Бејл и се шпекулира за луда сума од 200 милиони фунти.
Сето ова не му се допаѓа на Жозе Мурињо, кој стравува дека една ваква скапа авантура ќе предизвика целиот трансфер буџет да биде потрошен на еден играч, и тој ќе остане без пари за другите цели кои се на врвот на неговата листа со желби.
Португалецот нема ништо против тоа да му биде донесе Герет Бејл, но бара од првиот оперативец на Манчестер јунајтед да најде екстра кеш за оваа зделка.
„Специјалниот“ сака буџетот за ангажман на играчи како Фред и Сергеј Милинковиќ Савиќ, се уште да му биде на располагање и при евентуално пристигнување на Герет Бејл.