Мурињо во свој стил ја префрли одгворноста кај друг: Јас не го продадов Салах, тоа е лага!

by
2 минути читање

„Специјалниот“ во
последниве неколку години постојано е на удар бидејќи лесно се откажа од
неколку млади играчи кога беше менаџер на Челси, а тие сега прераснаа во големи
ѕвезди.

Фановите на Челси
постојано се запрашуваат каков тим ќе имале доколку останале
Ромелу Лукаку, Кевин Де Брујне и Мохамед Салах, кој последен експлодираше на
„Островото“ по преселба на Енфилд минатото лето.

Египјанецот има
неверојатна сезона, веќе е избран за Играч на годината во Премиерлигата, а
многумина го вбројуваат и во трката за „Златната Топка“.

Па Жозе Мурињо
сега реши да одговоари на нападите и во разговор со ЕСПН порача: „Луѓето велат
дека јас сум тој кој го продал Салах, но вистината е спротивна, јас бев
тој кој го донесе Салах
.

„Јас бев тој кој
му кажа на Челси да го купи Салах. Кога јас бев на чело, Салах пристигна во
Челси. Но пристигна како младо момче, физички не беше подготвен, ментално не
беше подготвен, беше изгубен од социјална и културна гледна точка па му беше
навистина тешко
.

„Решивме да го
испратиме на позајмица, а и тој самиот го побара истото. Сакаше поголема
минутажа, сакаше да созрее, сакаше да замине и го пративме на позајмица во
Фиорентина и таму тој почна да созрева
.

„Челси беше тој
кој одлучи да го продаде, и кога велат дека јас сум го продал, тоа е лага! Јас
го донесов и се сложив со него да замине на позајмица бидејќи тоа беше
неопходно. Но одлуката Салах да се продаде и да се купи друг играч не беше моја
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани