Манчестер
јунајтед минатото коло ја расипа шампионската прослава на Манчестер Сити откако
со неверојатен кам-бек стигна до победа на Етихад од 2-3, иако по првите 45
минути губеше со 2-0 а можеше да прими и уште некој гол.
Но денеска речиси
на исто толку спектакуларен начин „Гаволите“ им ја подарија титулата на
„Граѓаните“ откако загубија на Олд Трафорд со 0-1 во дуелот со фенерџијата ВБА.
По крајот на
мечот, Жозе Мурињо испрати порака до фановите, истакна дека тој останува
правиот човек да го врати клубот на врвот и вели дека за ова е потребна
конзистентност.
„Верувам во
мојата работа. Нема причина зошто да не верувам. Осум титули се осум титули,
три титули во Премиерлигата се три титули во Премиерлгата, и последната титула
во Премиерлигата не беше пред 20 години туку пред три години. Знам како да
победувам” – вели „Специјалниот“.
„Верувам во моите
способности, но јас не играм, разбирате? Секако дека ви е потребен квалитет за
да освојувате титули, но од големо значење е и конзистентоста и тоа
конзинстентност на секое ниво. Не само перформансите, туки и психолошката
подготвеноста, секојдневната работа и однесување. Се мора да биде конзистентно,
од прв до последен ден. Па мора да го подобриме токму ова”.