Мурињо со бизарно објаснување ја правда лошата голгетерска форма на Лукаку

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку одлично ја започна авантурата на Олд Трафорд со 11 погодоци на 10 средби, но потоа неговата форма драстично падна, па тој сега има само 1 гол на последните 11 натпревари.

Вчера на дуелот со Вотфорд пропушти неколку добри шанси, па по крајот на натпреварот Жозе Мурињо излезе пред новинарите со бизарно објаснување за постот на 75 милиони фунти вредното засилување.

„Му треба богат договор за копачки“ – речи „Специјалниот“ по победата над Вотфорд.

„Потребно е познат бренд да му даде прави копачки. Му заврши стариот договор, и сега чека права понуда“.

„Нема договор со никого па затоа игра со црни копачки, потребни му се прави копачки. Потребно е да му се плати правата сума и тој да почне да стрела“.

Но и покрај тоа што Ромелу Лукаку не ги тресе противничките мрежи, Жозе Мурињо е задоволен од она што прикажува напаѓачот.

„Шала на страна, тој извршува неверојатно добра работа за тимот и никогаш нема да го обвинам поради тоа што промашува лесни шанси за гол. Знае дека нема никаков притисок од моја страна, тој е извонреден играч“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани