77
Со Алексис Санчез, Португалецот ја засили офанзивата, сега бара освежувања за дефанзивната линија. Негова цел е Самуел Умити од Барселона.
24-годишниот француски репрезентативец има откупна клаузула од 60 милиони евра, што за денешните цени на пазарот и не е некоја превисока сума.
Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати потребната сума и да ја активира откупната клаузула.
Барселона е во паника и се обидува да го убеди Умити да потпише нов договор со кој ќе има и поголема откупна клаузула, но тој ја одбил првата понуда на каталонскиот клуб.