Мурињо сака да го купи Бејл а на „Филип Втори“ само ладно го поздрави (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Велшанецот се
поврзува со заминување од Сантијаго Бернабеу а Жозе Мурињо во понеделникот
дотури масло во оганот.

Португалецот рече
дека дуелот во Скопје помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед е многу значаен
за иднината на Герет Бејл и доколку играчот не истрча на „Филип Втори“ тоа е
знак дека Зинедин Зидан не смета на него, па тој ќе се обиде да го донесе на
Олд Трафорд.

Но многумина
веруваа дека ова е само дел од психолошките игри на „Специјалниот“ и нивната
констатација веројатно е точна откако вчера, по завршувањето на натпреварот,
Жозе Мурињо се изгушка со својот сонародник Кристијано Роналдо, а Герет Бејл
само ладно го поздрави.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани