Мурињо повеќе ќе нема изговори, Јунајтед го стопира проширувањето на Олд Трафорд за „Специјалниот“ да донесе засилувања

by
1 минути читање

„Специјалниот“
потроши околу 300 милиони фунти на засилувања откако го превзеде кормилото на
„Ѓаволите“ во 2016, но неговиот тим е далеку од врвот во Премиерлигата а не
воодушевува ниту со играта.

Жозе Мурињо се
уште не е задоволен од изгледот на составот и бара од лидерите на клубот и
летоска да го одврзат ќесето за да можат да се надигруваат со градскиот ривал
Манчестер Сити, со Челси како и се поопасните Ливерпул и Тотенхем.

Според Дејли
Мејл, Манчестер јунајтед е подготвен да му излезе во пресрет на Португалецот до
тој степен што планираната реконструкција на Олд Трафорд ќе биде стопирана.

„Ѓаволите“ сакаат
ова лето да го зголемат капацитетот на својот стадион на 88.000 гледачи, но
подготвени се приоритет да дадат на желбата на Жозе Мурињо за што поголем трансфер буџет за ангажман на
неколку нови фудбалери од светска класа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани