Мурињо пак остана со празни раце на Сент Џејмс Парк, Њукасл го фрли на колена Јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Популарните „Страчки“
последен пат дома победија на 21. октомври и имаа серија од осум средби без
успех пред своите фанови. Но лошата низа е
прекината и тоа со голем стил, попладнево Њукасл со минимални 1-0 славеше над
Манчестер јунајтед.

Жозе Мурињо не знае
за триумф на Сент Џејмс Парк и Португалецот денеска се надеваше дека ќе го
сруши проклетството но уште еднаш разочаран си заминува. „Ѓаволите“ можат
да жалат што останаа со празни раце, имаа неколку големи шанси но Дубравка беше
одличен помеѓу стативите.

За сите промашувања казната стигна во 65. минута. По еден прекин скоро од средината
од теренот, Њукасл изведе маестрална акција во која Гејл со пета му намести
топка на Ричи за 1-0.

Манчестер
јунајтед потоа силно притисна по изедначување, одново беа креирани неколку изгледни шанси, но
избраниците на Жозе Мурињо никако не успеваа да го најдат патот до мрежата на
Њукасл.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани