Мурињо откри што му кажал на Гвардиола по последниот свиреж

by
1 минути читање

„Граѓаните“ беа на добар пат да стигнат до титулата откако со головите на Компани и Гундоган имаа предност од 2-0 на полувремето. Сепак, во воведните 10 минути од вториот дел, Пол Погба постигна два гола во период од 97 секунди, а потоа следуваше погодок на Смолинг за неверојатен пресверт. Па „Црвените ѓаволи“ им ги расипаа плановите на лутите градски ривали и ја одложија прославата на титулата.

По последниот свиреж на судијата, Жозе Мурињо се поздрави со Пеп Гвардиола и му шепна нешто на својот колега. „Специјалниот“ потоа на новинарите им откри што му кажал на Шпанецот.

„Му честитав за титулата“ – рече менаџерот на Манчестер јунајтед. „Секако дека се фрустрирани бидејќи сакаа да ја освојат уште денеска, но јас им честитав бидејќи тие ќе станат шампиони, и тоа сосема заслужено“.

„Освоија повеќе бодови од другите и не им дадоа никакви шанси на другите. Постојано велам дека оваа сезона ни е подобра од минатата. Имаме повеќе победи, повеќе веќе голови, повеќе бодови, помалку примени голови. Се е подобро за нас, но тоа не беше доволно бидејќи Манчестер Сити не престана да победува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани