Манчестер јунајтед
одигра очајно на гостувањето кај Тотенхем во претходното коло каде загуби со
2-0, а денес тимот на Мурињо е на мегдан со Хадерсфилд пред своја публика.
Големо изненадување се
случи со почетниот состав на Црвените ѓаволи, откако португалскиот страте се
реши за младиот Скот Мектоминеј, наместо Пол Погба, а го даде и своето
објаснување за таа одлука.
„Ќе играме со Скот, тој
пристигна во клубот на деветгодишна возраст и помина долг период во
академијата. Тој ја чекаше својата шанса долго, јас сега му ја давам истата, и
повторно ќе му ја дадам, еве му уште една прилика за докажување“ рече Мурињо.
Погба беше еден од
главните виновници за поразот кај Тотенхем, а јавноста при една ситуација увиде
една чудна конверзација помеѓу него и Мурињо, во видеото каде јасно се виде
дека португалскиот стратег не беше задоволен од неговите залагања на таа
средба.