Мурињо: Не загубивме од Хал, 1-1 беше, видов само два гола

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед синоќа загуби со 2-1, но благодарение на победата на Олд Трафорд од 2-0 обезбеди финале на Вембли.

Првиот гол на Хал дојде по контроверзно досуден пенал кога Хери Магир падна по еден дуел со Маркос Рохо. Мурињо на свој препознатлив начин го коментираше мечот, алудирајќи на неправедно досудениот пенал, но во исто време избегнувајќи да ги обвини судиите.

„Не загубивме. Беше 1-1, јас видов само два гола“ – изјави Мурињо.

„Натпреварот беше комплетно под контрола. Но нешто се случи и се отвори мечот, потоа гледавме отворен дуел“.

Запрашан конкретно да го искоментира досудениот пенал, Мурињо рече: „Не сакам да зборувам за пеналот“.

„Сакам да им честитам на моите играчи бидејќи секој пат до финалето е тежок, ние сме во финале“.

„Секое натпреварување е важно за мене, секој меч е важен. Не е важно за кој трофеј се борите, мислам дека Вембли е Вембли. За професионалци со пасија за фудбалот, Вембли има посебно значење, посебно чувство и среќен сум што сум таму. Среќен сум што носиме илијадници наши фанови таму бидејќи мислам дека тие секое одење на Вембли го паметат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани