Португалецот не е задоволен од опциите кои ги има во дефанзивата, па подготвен е да инвестира на овој дел од теренот и тоа со играчи од Барселона и Јувентус.
Мета на Мурињо е Умити од Барселона кој има откупна клаузула од 52,5 милиони фунти и нема напредок во преговорите за нов договор со каталонскиот клуб.
Платата која не сака да му ја понуди Барселона за новиот договор, подготвен е да му ја даде Манчестер јунајтед. Со оглед на тоа дека фудбалерот има откупна клаузула овој трансфер е многу извесно дека ќе се реализира.
Втора цел на Манчестер јунајтед е бекот на Јувентус, Алекс Сандро. Италијанскиот шампион е подготвен да се откаже од него во летниот преоден рок но само доколку некој ја плати потребната сума, а таа изнесува 50 милиони фунти.