Мурињо ќе го враќа играчот кој беше избркан од Луј ван Гал?!

by
1 минути читање

„Црвените ѓаволи“
ја имаат втората најдобра одбрана во Премиерлигата, но спред денешното издание на Сан, Жозе Мурињо се уште
не е задоволен со опциите кои ги има на располагање.

Португалецот разгледува
неколку идеи и една од нив е враќање на Џони Еванс на Олд Трафорд. Фудбалерот
не беше дел од плановите на Луј ван Гал, кој го продаде на ВБА во 2015 за 6
милиони фунти.

Репрезентативецот
на Северна Ирска бележи одлични партии на Хоуторнс, па минатото лето тропнаа
екипи како Манчестер Сити и Арсенал. Сепак, ВБА не сакаше да слушне за продажба
на својот капитен и постави висока цена од 25 милиони фунти.

Но ВБА сега е на
чекор до испаѓање, и преселба во Чемпионшип ќе активира клаузула со која Џони
Еванс ќе може да замине за само 3 милиони фунти, и токму ова го прави играчот
дополнително атрактивен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани