Само пред една година,
стратегот од клупата на Ливерпул, Јигрен Клоп изјави дека залудно е да се
трошат енормни суми на трансфери, од причина што ‘доколку купите фудбалер од 100 милиони и тој се повреди,
тогаш тоа ќе биде залудно’, така
рече германскиот стратег но оваа изјава му се удри од глава.
Ливерпул го
официјализираше трансферот на Ван Дијк од Саутемптон за фантастични 85 милиони
евра, што е светски рекорд за еден дефанзивец, а португалскиот стратег од
клупата на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо се осврна на таа изјава.
„Добро знаете дека
човекот кој често говореше на таа тема беше Јирген, да бев на ваше место би го
прашал за неговите коментари од пред една година. Но, нема да говорам
специфично за тој случај бидејќи во Ливерпул прават тоа што го сакаат и јас
немам некоја улога да ги коментирам нивните потези како клуб“ рече Мурињо со оглед на тоа што Клоп за време на неговиот престој во „Енфилд“ потроши 273 милиони фунти, што е близу до оние 286 на Португалецот.