Мурињо флертува со „Светците“: Пред некој ден мојот син отиде во Париз да го гледа ПСЖ, знаете зошто?

by
2 минути читање

„Специјалниот“ во
2016 седна на жешкото столче на „Црвените ѓаволи“, за кратко време го трансформираше
клубот и успеа да го врати на победнички патеки.

Се говори дека
лидерите на Манчестер јунајтед се задоволни од неговата работа па сакаат да му
понудат пет годишен договор вреден 65 милиони фунти.

Но во разговор со
Телефут, Португалецот ја стави својата долгорочна иднина на Олд Трафорд под
знак прашалник.

„Една работа е
сигурна, јас се уште сум тренер со грижи, амбиција и желба за нови работи
– вели Жозе Мурињо.

„Прилично сум убеден дека
нема да ја завршам кариерата тука, во Манчестер јунајтед
.

Тој потоа навести
дека ПСЖ би можел да биде следната негова дестинација.

„Пред некој ден,
мојот син кој живее во Лондон, отпатува во Париз да гледа натпревар на ПСЖ а не
на Манчестер јунајтед
.

„Зошто Париз?
Бидејќи има нешто специјално. Магија, млади. Тоа е фантастично
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани