Михајло Мудрик доби четири години суспензија за паднат допинг тест, фудбалерот на Челси ја обжалил казната пред Судот за спортска арбитража (ТАС).
Михајло Мудрик се најде во големи проблеми кога на крајот од 2024 година падна на допинг тест, беше позитивен на мелдониум.
Украинецот цело време тврди дека е невин, но ФА реши драконски да го казни и да му изрече суспензија од четири години.
Па Михајло Мудрик правдата ќе ја бара пред Судот за спортска арбитража (ТАС), каде веќе е поднесена жалба.
Останува да се види дали тој ќе успее во својата намера, неговиот случај ќе го застапуваат адвокати кои работеа со Пол Погба во неговиот допинг случај.
Михајло Мудрик направи трансер во Челси во јануари 2023 година во зделка вредна околу 100 милиони евра (70 милиони како фиксен дел, плус додатни 30 милиони во бонуси), но „сините“ не видоа многу аир од него.