Можни почетни состави за реванш пресметката помеѓу Тотенхем и Јувентус (ФОТО)

by
2 минути читање

Вечерва се играат две
нови реванш пресметки во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите,
Манчестер Сити му преостанува само формален меч против Базел, откако во првиот
на гости славеше со 0-4, а дербито на вечерта се игра во Лондон на Вембли, каде
Тотенхем го пречекува Јувентус, откако во Торино и двете екипи ремизираа со
2-2.

Медиумите на Островот
пишуваа за можните комбинации околу почетните состави на обете екипи за
вечерашната пресметка, па така таблоидот „
i очекува Ламела да стартува во офанзивниот
ред на домаќините, на местото на Сон кој игра во одлична форма, а постигна
четири гола во последните два меча на Вембли.

Од друга страна пак,
истиот медиум очекува Лихштајнер да почне на десната бековска позиција кај
гостите.

„Мирор“ пак, очекува Сон
да стартува, а не Ламела, а во напаѓачката линија на Јувентус да се најдат
Игуаин и Дибала, сосема очекувано.

„Дејли Телеграф“ очекува
Де Шиљо да биде подготвен за вечерашната средба и да се најде на десната бековска
позиција кај вицепрвакот на Европа, а очекувањата се Сон да стартува како
поддршка зад Кејн во нападот на домаќините.

Италијанска „Газета дело
Спорт“ предвидува дека Јувентус ќе игра во формациска поставеност од 4-3-3,
доста офанзивна, со Даглас Коста во нападот заедно со Игуаин и Дибала, а
Барзаљи е префериран на десната бековска позиција на местото на Лихштајнер.


Истите фудбалери, истиот состав, но различен систем на игра очекува „Тутоспорт“,
поточно со формациска поставеност од 4-4-2, со Даглас Коста на десната, односно
Матуиди на левата страна во средината од теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани