„Може да оди каде сака, само не во Баерн Минхен“

by riste
1 минути читање

Најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц ќе си замине од клубот во летниот преоден клуб, повеќе гиганти се заинтересирани за него.

Германскиот фудбалер се поврзува со Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Според „Скај Германија“, Леверкузен сака само Флоријан Вирц да не потпише за нивниот ривал, Баерн Минхен.

Тие не сакаат да го засилат конкурентот во Германија, па ќе направат сѐ што е во нивна моќ тоа да не се случи.

Чаби Алонсо се очекува да стане тренер во Реал Мадрид, па можеби тоа ќе биде и најлогичната дестинација за Вирц.

Пеп Гвардиола сака да го реновира тимот на Сити, па и тој ќе посегне по потписот на Германецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани