Мората и 40 милиони евра за Икарди?

by
1 минути читање

Италијански и
шпански медиуми тврдат дека Челси го нуди Алваро Мората а додатно и 40 милиони
евра во пакет за да го добие потписот на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

Мората не се
пронајде себе си во Лондон, а постоеја најави дека ќе се врати во Јувентус,
овие најави посебно добија посебно ниво откако напаѓачот беше уловен од
репортерите на средба со челници на Јувентус заедно со неговиот агент во
Милано.

Постои откупна
клаузула во договорот на Икарди со Интер која има вредност од 110 милиони евра,
но таа има и временски период до 15 јули, а за Мората тимот од Милано би била
интересна опција особено од фактот што истата екипа обезбеди место во Лигата на
шампионите за следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани