Синот на легендарниот Патрик Клајверт експлодираше во дресот на Ајакс оваа сезона па го привлече вниманието на голем број клубови ширум Европа како Манчестер јунајтед, Тотенхем, ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона.
Но талентираниот Холанѓанец е на чекор до трансфер во Рома. Спортскиот директор Мончи уште еднаш ги стави на дело своите способности и успеа да ги претекнe гигантите за потписот на Џастин Клајверт.
Мончи вчера се сретнал со Мино Рајола во Монако и со агентот постигнал договор за платата на играчот. Спортскиот директор на „Волчицата“ сега треба да пронајде заеднички јазик и со Ајакс.
Првичната понуда е 15 милиони евра, сосема солидна сума за фудбалер кој ги одработува последните 12 месеци од договорот. Но клубот од Амстердам не планира лесно да се откаже од младата ѕвезда и бара помеѓу 30 и 35 милиони евра.