Моментот кога полицаецот колабираше пред Сан Мамеш (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реваншот помеѓу
Атлетик Билбао и Спартак Москва во Лига Европа донесе големи нереди и судри помеѓу хулиганите
од Русија и домашните навивачи. Инцидентите за жал однесоа и човечки живот, полицаец
почина од срцев удар.

Се работи за 51
годишниот Иносенсио Ариас Гарсија, кој колабираше пред Сан Мамеш откако руски
фан фрли пиротехничко средство во близина на коридонот полицајци.

Шпанските медиуми
објавија и видео кое го долови моментот кога полицаецот падна на земја.
Неговите колеги се обидоа да му помогнат, веднаш пристигна и брза помош но
обидете за реанимација на крајот беа залудни.

Фудбалската
федерација на Шпанија ги осуди случувањата пред почетокот на дуелот во Лига
Европа, изрази сочуство до семејството на починатиот и препорача едноминутно
молчење на фудбалските натпревари ширум Шпанија овој викенд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани