Моќта на Премиерлигата: Фулам ја одби понудата на Баерн за Палиња, им бара двојно повеќе пари

by bojan
1 минути читање
Палиња

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Фулам ја одбил понудата вредна 30 милиони фунти на Баерн Минхен за Жоао Палиња, клубот од Лондон бара двојно повеќе за да го продаде Португалецот.

Жоао Палиња минатото лето беше пред трансфер во Баерн, во последниот ден од преодниот рок пристигна во Минхен на лекарски прегледи, но зделката пропадна во последен миг.

„Баварците“ не се откажуваат од Португалецот, и сега доставија нова понуда вредна околу 30 милиони фунти.

Но како што пренесува Скај Спортс, Фулам без размислување го одбил предлогот, клубот од Лондон бара 60 милиони фунти, или двојно повеќе, за да го продадат фудбалерот од средниот ред.

Баерн Минхен обично лесно се договара со клубовите од Бундеслигата кога ќе посака некој играч, но клубовите од Премиерлигата се многу финансиски помоќни, па нема лесно да подлегнат на притисокот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани