Мохамед Салах продолжува да испишува историја во дресот на Египет, а ново големо достигнување оствари на натпреварот против Нов Зеланд на Светското првенство (1-3). Ѕвездата на Египќаните беше стрелец во победата над Нов Зеланд и со тој погодок постави два нови рекорди за својата репрезентација.
Салах на мундијалите пристигна со два гола на своето конто, постигнати на Светското првенство во Русија во 2018 година. Со тие погодоци беше израмнет со Абделрахман Фавзи, кој уште во 1934 година двапати ја затресе мрежата на Унгарија на шампионатот во Италија.
Голот против Нов Зеланд му овозможи на Салах да се искачи сам на врвот на листата на најдобри египетски стрелци во историјата на Светските првенства. Искусниот напаѓач сега е рекордер на својата земја кога станува збор за настапите на најголемата фудбалска сцена.
Со погодокот против Нов Зеланд, Салах влезе во историјата и како прв египетски фудбалер кој успеал да постигне голови на две различни Светски првенства. Уште еднаш потврди дека е еден од најважните играчи во историјата на египетскиот фудбал.