Модриќ лажно сведочел во корист на Мамиќ?!

by
1 минути читање

Државното обвинителство
на Хрватска подигна тужба против капитенот на хрватскиот национален тим и член
на Реал Мадрид, Лука Модриќ, поради лажно сведочење на судењето против
поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ во врска со извлекување
на пари од тој клуб.

Модриќ се сомничи дека
во судот во Осијек, каде даваше исказ, свесно и невистинито кажал дека анексите
од договорите околу професионалното играње фудбал, кои се регулираат со поделба
на трансфер обештетувањето во сооднос 50
:50, помеѓу него и клубот во кој играл, ги потпишувал
секогаш кога би продолжувал договор, така што тие анекси повторно ги потпишувал
по заминувањето во нов клуб поради наводни измени на банкарските сметки, на кои
требало парите да му бидат префрлени.

Од истрагата наведено е
дека иако знаел дека исказот не одговара со вистината, бидејќи наведените
анекси биле потпишувани и во време кога веќе играл за нов клуб, по
реализацијата на договорот помеѓу тие клубови, по што целокупниот износ му
припаднал на неговиот матичен клуб.

Здравко Мамиќ и неговиот
брат Зоран и уште двајца се сомничат дека користејќи ја својата положба во
клубот направиле противзаконско дејствие кое го чинело клубот повеќе од 15
милиони евра, а државата еден ипол милион евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани