2,K
Лука Модриќ вчера повторно одигра важна улога на теренот во победата на Реал Мадрид над Валенсија од 2:1.
Модриќ против Валенсија ја погоди мрежата на Столе Димитриевски во 85. минута, а во финишит Белингем обезбеди три бода за „кралевите“.
Со погодокот хрватскиот ветеран испиша и историја станувајќи највозрасниот фудблаер кој постигнал гол за Реал Мадрид.
Досегашниот рекорд во гигантот од Мадрид го држеше легендарниот Ференц Пушкаш со 39 години и 15 дена. Модриќ вчера беше стрелец со 39 години и 116 дена.