Модриќ добил неочекувана понуда и можност да се испроба во Калчото

by bojan
1 минути читање
Модриќ

Медиумите од Италија пренесуваат дека Лука Модриќ е едно од имињата во бележникот на Комо, клубот предводен од Сеск Фабрегас, и кој се враќа во Серија А по 21 години.

Секоја година има многу шпекулации за иднината на Лука Модриќ, кој е пред крајот на кариерата, и минатото лето одби богата понуда од Саудиска Арабија за да продолжи со Реал Мадрид.

Хрватот сака и следната сезона да го носи белиот дрес, но се верува дека Флорентино Перез нема да му ја исполни желбата и двете страни ќе се разделат по крајот на оваа сезона.

Саудиска Арабија повторно се посочува како можна дестинација, но последните информации велат дека Лука Модриќ добил неочекувана понуда и можност да се испроба во Калчото.

Лука Модриќ е желба на Комо, клубот предводен од Сеск Фабрегас, и кој се враќа во Серија А по 21 година.

Комо сака летоска да донесе неколку докажани играчи и Лука Модриќ е идентификуван како засилување во средниот ред.

Вчера пак се пишуваше дека и Мауро Икарди е трансфер желба на Комо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани