Многумина речиси и да го заборавија: Артур се враќа во Шпанија?

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред, Артур Мело кариерата ќе ја продолжи во редовите на Жирона.

Многумина можеби и заборавија дека Артур и понатаму е под договор со Јувентус, но одеше на позајмици во Ливерпул и Фиорентина каде што немаше преголем успех. Сега повторно ја избра Каталонија, но Жирона.

Сезонава, Артур не забележа настап во тимот на Тијаго Мота, го чекаше јануари да го избере вистинскиот клуб и преговараше со Сантос, но сепак избра да продолжи во Европа.

Артур како голем потенцијал пристигнао д Гремио во Барселона летото 2018 година за 31 милион евра и на почетокот добро му одеше, беше и стандарден, но во втората сезона падна во втор план. Летото 2020 премина во Јувентус во размена со Миралем Пјаниќ.

Никогаш во Јувентус, Артур не успеа да го покаже својот целосен потенцијал, имаше бројни проблеми со повредите поради што речиси и да не играше додека беше на позајмица во Ливерпул.

Жирона го доведува на позајмица до крајот на сезоната, но во неговиот договор нема клазула за обврска за откуп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани