„Во Англија никогаш не ја ценеа мојата интелигенција на теренот… бев само брз и агресивен фудбалер!“

by bojan
1 минути читање

Летното засилување на Барселона, Ентони Гордон вели дека една од причините за трансфер на „Камп Ноу“ е да докаже дека е повеќе од само брз и агресивен фудбалер.

Изминатово лето, „каталонците“ постојано беа поврзувани со ангажман на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но на крајот најголемо засилување беше Ентони Гордон од Њукасл во зделка вредна околу 80 милиони евра.

Англичанецот сега открива зошто се решил за една ваква авантура и вели дека на „островото“ никогаш не ја ценеле неговата интелигенција на теренот.

„Мислам дека во очите на многумина сега сум поинаков играч. Во Англија ме почитуваа поради брзината и пресингот, но никогаш доволно не ги ценеа мојата техника, квалитет и фудбалска интелигенција. Само соиграчите со кои играв навистина го разбираа тоа. Во Англија најчесто ме гледаа како брз и агресивен фудбалер, додека во Шпанија повеќе ја ценат мојата интелигенција и квалитет. Во Барселона, ако не си технички поткован и интелигентен играч, тоа веднаш се забележува“ – вели офанзивниот фудбалер.

„Мислам дека полека почнуваат да го сфаќаат тоа. Сè уште има простор за промена, но сега ме гледаат како играм во Барселона, во поинаков фудбалски систем, каде што моите квалитети повеќе доаѓаат до израз.“

Запрашан за одлуката да ја напушти Англија, тој додава: „Да, искрено, токму тоа го посакував. Сакав да ја напуштам Премиерлигата и да стекнам поинакво искуство. Чувствував дека можам да понудам многу повеќе од она што луѓето го мислеа за мене и сакав да го докажам тоа на најголемата фудбалска сцена во светот. За мене беше многу важно да заминам во странство“.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×