Денеска беа одиграни седум натпревари во рамките на Купот на Македонија, а прволигашките екипи имаа успешен ден и без поголеми проблеми обезбедија пласман во следната фаза.
Најубедлив настап имаше Башкими, кој на гостувањето кај Коњаре славеше со 5:0. Брегалница, пак, со одлична ефикасност стигна до победа од 4:1 на теренот на Тетекс. Успешно гостување имаше и Шкендија Арачиново, која со 2:0 го совлада Детонит и го потврди пласманот во осминафиналето.
Беласица исто така не дозволи изненадување. Струмичкиот клуб на гостински терен славеше против Осогово со 3:1 и рутински ја заврши куп-средбата во своја корист. Место меѓу најдобрите 16 екипи во Купот обезбеди и Новаци, кој со минимални 1:0 беше подобар од Охрид.
Ќе потсетиме место во следната фаза претходно обезбедија пет екипи и тоа: Вардар, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер и Брера. Исто така директен пласман во осминафиналето има бранителот на трофејот, екипата на Силекс.
По денешните дуели преостануваат уште три во кои Могила ќе се соочи со Арсими на 24 септември, Кросу Спорт Битола ќе го пречека Тиквешна 6 окотмри и последниот дуел на 14 октомври во кој Вардар Неготино на свој терен ќе ги одмери силите со Работнички