121
Пред самиот крај на првото полувреме ЦСКА постигна гол на Олд Трафорд, на патот до мрежата топката го закачи Џагоев и влезе во мрежата на Ромеро.
Блинд беше излезен надвор од теренот, па најголемиот дел од гледачите сметаа дека Џагоев е во офсајд, но правилата не велат така.
Правилото гласи: Играчот кој го напуштил теренот без дозвола на судијата ќе биде сметан дека е на гол линијата се до следниот прекин или додека тимот кој се брани ја исфрли топката на противничката половина.
Според ова, Блинд се смета дека е на гол линијата, па Џагоев не е во офсајд. Голот на ЦСКА е регуларен.