„Росонерите“
минатото лето трошеа како никогаш претходно, беа инвестирани преку 220 милиони
евра во засилувања. Останува да се види дали ваквиот тренд ќе продолжи и во
иднина со оглед на дека дека клубот е под лупа на УЕФА и веројатно ќе добие
казна за прекршуање на правилата за Финансиски фер плеј.
Но фановите на
Милан почнуваат да сонуваат откако се појавија информации според кои Масимо
Мирабели планира да донесе звучно име.
Како што пишува Премиум
Спорт, спортскиот директор на блиски пријатели им се доверил дека сака да купи
напаѓач од светска класа со кого ќе го здрма Сан Сиро.
Тој оваа недела
беше на Сантијаго Бернабеу да го следи дуелот помеѓу Реал Мадрид и Баерн
Минхен, па името на Карим Бензема некако дојде во преден план.
Сепак, самиот
Масимо Мирабели се огласи на Твитер, истакна дека на никого не се доверувал
околу настапот на Милан на трансфер пазарот и порача дека фокусот е само на
завршницата од Серија А и финалето од Купот на Италија против Јувентус.