Навивачите на Милан го критикуваат, па дури и го навредуваат 19 годишниот голман кој направи две огромни грешки во финалето од купот против Јуве, а погреши и на синоќешниот меч против Аталанта кој заврши 1-1.
„Мора да го заштитиме Донарума и ќе го штитиме до крај“, вели директорот Масимо Мирабели.
„Потоа како и сите други фудбалери, ќе видиме што ќе се случи. Тој е дел од костурот на тимот и нема да го пуштиме лесно, се разбира се додека некој не го процени онака како што мора да го процени“.
„Доколку пристигне добра понуда, секој фудбалер може да биде продаден. Има побогати клубови од нас и ние треба да избереме други патишта“.
„Да не сe залажуваме дека можеме да бидеме во Серија А она што бевме во минатото и да привлечеме толку многу шампиони. Тоа би било многу тешко“.
Донарума се поврзуваше со Реал Мадрид, ПСЖ, па дури и со Манчестер јунајтед во случај Де Геа да го напушти англискиот тим.