Миовски влезе и изнуди пенал за Ренџерс, но Селтик слави финале во Лига купот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше солиден настап во полуфиналето на Лига Купот, но неговиот Ренџерс сепак не успеа да избори пласман во финалето, откако беше елиминиран од Селтик со 3-1 по продолженија.

Дербито започна подобро за „зелено-белите“, кои поведоа уште во 20-тата минута преку Кени. Работите дополнително се искомплицираа за Ренџерс кога Асгард во 38-та минута доби директен црвен картон.

Миовски влезе во игра во 71-та минута на местото на Чермити и како да внесе енергија во нападот. Веќе по десетина минути избори пенал, кој капитенот Таверниер го претвори во израмнувачки гол. Македонецот беше меѓу најзабележителните играчи на теренот до крајот на регуларниот дел, помагајќи и во одбраната.

Сепак, во продолженијата Селтик постигна два голман преку Мекгрегор и Османд за победа место во финалето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×