Лацио ја прекина
серијата без порази на Фиорентина откако славеше на гостински терен со 3-4 во
еден мошне возбудлив, до крај неизвесен меч во синоќешната средба од редновното
33 коло во Серија А.
Сергеј
Милинковиќ-Савиќ играше против својот поранешен
соработник, тренерот Стефано Пиоли, па на крајот од мечот имаше судир помеѓу
нив двајца.
Очигледно на
тренерот на Фиорентина воопшто не му се допадна начинот на кој Србинот ја
прослави победата против својот поранешен клуб, а од снимките јасно се
забележува како Пиоли се обидува нешто да му објасни на Милинковиќ-Савиќ, по
мечот тој ја објасни таа ситуација.
„Убаво е кога се
слави победа, но Сергеј мораше тоа да го направи под секторот наменет за
гостинските навивачи, а не да ги исмејува нашите, тоа му го реков лично и ја
разјаснивме таа ситуација“ објасни Пиоли.