Милан застана во одбрана на Донарума и го нападна Рајола: Знаеме од каде доаѓа злото!

by
1 минути читање

„Росонерите“ по многу натегање во јули ја решија иднината на суперталентираниот голман и Џиџо Донарума по долги преговори стави потпис на нов договор.

Но изминативе неколку дена Италијанецот одново е топ тема откако се појавија гласини дека до Милан пристигнало барање за поништување на договорот.

Извештаите велеа дека Џиџо Донарума се пожалил на морално насилство, односно дека под притисок и без неопходен мир ставил параф на документите.

На навивачите не им се допаѓа новата драма, па вчера „удрија“ силно по Џиџо Донарума, кој беше прилично повреден од навредите и камерите го уловија како плаче во соблекувалната.

Сепак, спортскиот директор Масимо Мирабели веднаш скокна во одбрана на голманот и прстот го впери кон Мино Рајола.

„Нашата позиција е јасна, не сакаме да продадеме никого“ – вели Мирабели.

„Доколку некој сака да замине, ќе треба да ни каже, а потоа и да пристигне понуда која ќе ги задоовли нашите барања. Нема да му дозволиме на никого да не зграпчи за врат“.

„Џиџо е извонредно момче, разговарав со него пред неколку минути и никогаш нема кажано дека сака да замине. Веројатно има еден господин кој организира се, но ние се грижиме за интересите на Милан“.

„Го разбирам гневот на фановите, но Џиџо не е виновен за ништо и мораме да му дадеме поддршка, тој е дел од наследството на клубот. Мораме да го заштитиме, знаеме од каде доаѓа злото“.

Јасно е дека последните зборови се наменети за контроверзниот Мино Рајола, со кого летоска Масимо Мирабели се судри во неколку наврати во текот на преговорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани