Милан веќе размислува за лето: Прва мета е соиграч на Елмас, а Мендеш нуди и ѕвезда на Сити!

by 24 фудбал
1 минути читање

Само што заврши преодниот рок во Италија, а еден од најактивните на пазарот оваа зима се поврзува со нови засилувања.

Екипата на Милан наводно веднаш започнала да работи за летното меркато, за кое прва цел е капитално засилување за средниот ред во името на Самуеле Ричи. 23-годишниот фудбалер на Торино кој е соиграч на Ељиф Елмас одамна е на радарот на „росонерите“, а според италијанските медиуми Милан е подготвен да го доведе налето.

Ричи уште зимава беше отворен за трансфер на „Сан Сиро“, меѓутоа Торино не сакаше да го пушти, а и Милан не нудеше доволно пари. Се очекува за овој трансфер да бидат потребни меѓу 30 и 40 милиони евра.

Сензационална вест се појави поврзана со уште едно засилување, а тоа е Бернардо Силва. Имено агентот Жорге Мендеш кој е во одлични односи со управата на Милан притиска за трансфер на искусниот Португалец од Манчестер Сити во Италија. Сепак, тука постои проблем во име на платата која е огромна за можностите на Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани