Леонардо Бонучи
беше најголемото летно засилување на Милан, „Росонерите“ за 40 милиони евра го
донесоа Италијанецот, кој беше еден од столбовите на лутиот ривал Јувентус, и
предизвикаа голем шок на трансфер пазарот.
Дефанзивецот
веднаш ја доби капитенската лента, но неговата авантура на Сан Сиро не оди
според планот. „Росонерите“ бележат лоши резултати, а и Леонардо Бонучи игра
под своето ниво.
Па тоа придонесе
да се појават стории за негов трансфер веќе во јануари, медиумите шпекулираат
дека Манчестер Сити, Барселона, Челси и ПСЖ ја следат ситуацијата на
репрезентативецот на „Аѕурите“.
Газета дело Спорт
исто така вели дека Леонардо Бонучи е разочаран од проектот на Милан, па сега
откако неговиот син ги надмина здравствените проблеми, размислува за опцијата
да му се придружи на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Сепак,
„Росонерите“ веднаш ги отфрлија ваквите гласини.
„Сториите се
смешни. Лео нефорлано веќе ги негираше, но не само тоа, вети дека и формално ќе
го стори тоа” – гласи известувањето.
„Бонучи има
целосна верба во проектот на Милан, и ова само покажува дека овие божиќни
приказни се лага”.
„Нашиот капитен
работи напорно, исто како и останатите согирачи, во карантинот и планира да се
искупи за негативната позиција во која се најде клубот”.