Милан падна во Ротердам, победи за Баерн и Бенфика во ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Екипата на Феенорд приреди изненадување и го победи Милан со 1-0 во првиот натпревар од бараж дуелите во Лигата на шампионите за пласман во осминафиналето.

Домаќинот на „Де Кајп“ стигна до предност уште во третата минута од натпреварот. Откако прво добра шанса имаше Милан, ударот на Реијндерс беше одбранет и се разви добра контра. Игор Паишао со незгоден удар откосо го изненади Мањан, па донесе водство за Холанѓаните многу рано. Во продолжението Милан не успеваше целосно да се наметне, домаќинот играше сигурно и не остави премногу простор. Имаше гостинот неколку обиди, шутираа Леао, Чуквуезе, Феликс, а посебно блед беше Сантиаго Хименез кој неодамна дојде токму од Феенорд. Холанѓаните се одбранија и со гол предност патуваат во Милано.

Минимална победа од 1-2 забележа Баерн Минхен на гостувањето кај Селтик. Средбата на „Селтик Парк“ понуди голема борба, а резултатот го отвори Олис во 45. минута. Веднаш на стартот на второто полувреме погоди и Хари Кејн, па со тоа баварците имаа солидна залиха. Успеаја Шкотланѓаните да намалат и да се вратат во игра во 79. минута преку Маеда, меѓутоа до крајот немаа сили за целосен кам-бек.

Исто така минимален триумф на гостински терен забележа и Бенфика во Монако (0-1). Човек на одлука на овој натпревар беше Вангелис Павлидис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани