Раководството на Милан наводно отворило преговори со познатиот фудбалски агент Пини Захави околу можниот трансфер на Давид Алаба. На австрискиот репрезентативец договорот му истекува на крајот од сезоната, па на „Сан Сиро“ би можел да пристигне без обештетување. Сепак, постои загриженост поради неговата историја со повреди, пишува „Гол.дком“.
Управата на Милан одржала состанок со Захави во клупските простории за да ги разгледа опциите за засилување на тимот. Иако првично, како што се наведува, се разговарало за напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, но финансиските барања на Полјакот биле превисоки за „росонерите“.
Поради тоа, фокусот бил префрлен кон Давид Алаба, чиј договор со Реал Мадрид истекува. Во Милано оваа ситуација ја гледаат како одлична можност на пазарот, со оглед дека 33-годишниот фудбалер би можел да пристигне без обештетување.
На сличен начин минатата сезона во клубот дојде и Лука Модриќ, исто така по истек на договорот со Реал.