Верона со 3-0 го совлада
Милан пред своја публика во рамките на 17 коло во италијанската Серија А, а
гостите иако имаа огромна доминација, за што говори и статистиката, на крајот
не само што не постигнаа ниту еден гол, туку и примија три во својата мрежа.
Карачиоло во 24. минута ги
доведе домаќините во почетно водство од 1-0, во второто полувреме Кин во 55. минута
зголеми на 2-0, додека конечниот исход го постави Беса во 77. минута.
Еве нешто за
статистиката од овој меч, Милан имаше 68% посед на топката, 28 удари кон
противничкиот гол од кои 6 беа во рамките, 14 вон рамките на голот, домаќините
со само 6 обиди и 4 во рамките на гол постигнаа 3 гола.
Инаку, Росонерите останаа со играч помалку во финишот од мечот откако директен црвен картон доби Сусо.