Мики се договори со Арсенал, следува трампа „глава за глава“ со Санчез

by
0 минути читање

„Црвените ѓаволи“ со денови имаат договор со Алексис Санчез, но преселбата на Чилеанецот на Олд Трафорд ја кочеше Хенрих Михитарјан, кој треба да се пресели во спротивен правец и да потпише за Арсенал.

Последните информации велат дека Ерменецот конечно се договорил со „Топчиите“ па се очекува во следните 48 часа двајцата играчи да ги поминат редовните лекарски прегледи и да се реализира големата зделка помеѓу двата лути ривали.

Новинарот на БиБиСи, Дејвид Орштајн пишува дека Манчестер јунајтед и Арсенал ќе направат трампа „глава за глава“, и нема да бидат инволвирани пари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани