65
Вечерва и утре
вечер се играат првите пресметки од четвртфиналната рунда во Лигата на
шампионите, а во пресрет на дуелот помеѓу осумте најдобри оваа сезона од
елитниот европски клупски шампионат, следиме една доста интересна статистика.
Лионел Меси,
првата ѕвезда на Барселона е фудбалерот кој како офанзивец трча помалку во
однос на сите офанзивци во Лигата на шампионите, по него следи Кристиано Роналдо,
а водечката тројка во оваа конкуренција ја заокружува Роберт Левандовски, покажува статистиката од Европската куќа на фудбалот – УЕФА.
Интересен е
фактот што единствениот фудбалер кој трча помалку од Меси е Ерик Баји,
дефанзивецот од редовите на Манчестер јунајтед.