Етихад Стадионот
ќе биде домаќин на пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Италија, а за
овој меч, „Гаучосите“ одбраа да се подготвуваат во тренинг центарот на Манчестер
Сити, кој важи за еден од најдобрите ако не и најдобар во светот.
Па „Граѓаните“
решија да ја искористат оваа прилика да го пецнат Лео Меси на социјалните
мрежи.
„Еј Меси, ти се
допаѓа ли Манчестер?” –
гласеше пораката на „Граѓаните“ заедно со кратко видео од денешниот тренинг.
Què Leo, t’agrada Manchester?
Segona jornada d’entrenaments d’@Argentina a la CFA. #MCFCcatalà pic.twitter.com/S8YULszDkt
— Manchester City (@ManCityCatala) March 20, 2018
Откако Шеикот
Мансур го купи Манчестер Сити, „Граѓаните“ во неколку наврати се поврзуваа со
ангажман на Меси. Со пристигнувањето на Пеп Гвардиопла на кормилото, гласините
добија на интензитет, но се чини дека Лео ќе остане само далечен сон со оглед
на тоа дека пред неколку месеци стави потпис на нов договор со откупна клаузула
од 700 милиони евра.