Лионел Меси има огромно
влијание во Барселона, па така, според информациите кои пристигнуваат од таму,
се вели дека неговата влијателна моќ достигнала до тој степен што Аргентинецот
дури и спречил проширување на постоечкиот аеродром.
Домот на аргентинската
фудбалска ѕвезда е близу аеродромот „Ел Прат“, но конструкцијата на новите
терминали и писти значеше дека авионите ќе треба да летаат над неговиот дом,
таа идеја му попречила на Меси, а тоа го налути сопственикот на авио
компанијата „Вуелинг“, Санчез Прието, кој проговори за ова во јавноста.
„Ние губиме пари бидејќи
не можеме да го зголемиме бројот на летови, а сево ова е бидејќи Меси живее во
близина. Вакви работи не би смеело да се случуваат никаде на светот“ рече тој.