Меси се изгуби во Париз, 18 загубени топки, гол по негова вина и без шут во рамките од голот

by
1 минути читање

Барса доживеа
дебакл и тежок пораз во Париз, ПСЖ славеше со убедливи 4-0.

Целиот тим на
„Каталонците“ комплетно потфрли, а Лео Меси веројатно го имаше најлошиот
натпревар во дресот на Барселона.

Аргентинецот
имаше дури 18 загубени топки, а вториот гол на ПСЖ кој го постигна Дракслер
падна токму по вина на Лео Меси, кој загуби топка на средината од теренот.

Напаѓачот немаше
ниту еден шут во рамките на голот, исто така не успеа ниту еднаш да прими топка
во шеснаесетникот на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани