Меси, Роналдо и Нејмар заедно би можеле да играат само зад решетки!

by
1 минути читање

Против Роналдо во моментов се води судска постапка за затајување на данок, но и неговиот случај се очекува да заврши како тој на Меси и да помине само враќање на сумата и парична казна. 

Меси и Роналдо не се единствените кои затајувале данок. Новинарот и колумнист Фил Бол во твит направи тим од фудбалери кои доколку би биле обични смртници би завршиле зад решетки. Тимот е предводен од Жозе Мурињо кој исто како и богатите фудбалери бараше начини како да и плати помалку на државата.

Тимот од фудбалери кои требаа да завршат во затвор доколку имаа ист третман како и обични луѓе би бил: Буфон, Маскерано, Марсело, Пикер, Рамос, Модриќ, Алонсо, Нејмар, Меси, Роналдо, Ди Марија. Тренер: Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани